Еден од поголемите недостатоци на прилично популарниот „модерен“ Nokia 3310 е тоа што има само 2G брзина, што значи дека што и да сакате да направите на интернет ќе биде многу бавно, веројатно скоро и неподносливо.

За среќа, HMD Global, компанијата која стои зад новите Nokia телефони, се одлучи да лансира и 3G верзија, која користењето на Facebook, Twitter и Skype ќе го направи малку повеќе подносливо, односно поблиско на она што го нудат паметните телефони.

Новиот, подобрен 3310 нема да има други промени, што значи дека купувачите и натаму ќе бидат пречекани од дисплеј со големина од 2,4 инчи, задна камера од само 2 мегапиксели, внатрешна меморија од 16 MB со можност за micro SD картичка од 32 GB, како и прилично солидна батерија за ваков телефон од 1.200 mAh.

Секако, од Nokia 3310 не треба да очекувате дека ќе инсталирате многу апликации – ова не е смартфон и е прилично ограничен во тој дел, но затоа ќе може да слушате MP3 музика или пак FM радио, што за многу корисници е повеќе од доволно.

Цената на подобрениот Nokia 3310 во Европа ќе изнесува 59 долари, што не е премногу, но не е ниту малку за обичен мобилен телефон, а искуството покажува дека кај нас цената е барем за 20-30% повисока, барем за моделот со 2G поврзување.

Извор: PhoneDog, Engadget, The Verge

Претходна статијаМаск предлага користење ракети за комерцијални летови
Следна статијаСенатот на САД со закон ќе ги регулира автономно-управуваните возила