b4a56101gw1evqbcxmxxrj20fa0ciq3e

По купувањето на мобилната дивизија од страна на Microsoft, Nokia имаше забрана да произведува нови паметни телефони до 2016 година. Многумина се сомневаа дека финскиот гигант некогаш ќе се врати, но еве, информациите кажуваат дека новиот модел, Nokia C1, може да го видиме многу наскоро.

Концептот, кој можете да го видите на фотографиите, има вграден Android Marshmallow оперативен систем, што е и нормално за модел кој треба да биде лансиран во 2016 година, но изненадува тоа што верзијата е чиста, односно онаа на Google. Самиот телефон има прилично класичен дизајн, со многу мали рамки околу екранот, што ќе придонесе за помали димензии.

Екранот има големина од 5 инчи со 720p резолуција, што е мало разочарување, но тоа не значи дека официјалната верзија нема да има дисплеј со барем 1080p резолуција. Процесорот е Intel Atom, исто како и на таблетот на Nokia, помогнат од 2 GB рам меморија. Камерите ќе имаат 8, односно 5 мегапиксели.

Според ова, телефонот нема да биде ништо што ќе го запали оние кои го сакаат најдоброто од мобилната телефонија, но е чекор во вистинската насока за Nokia и знак дека во иднина можеме да видиме уште подобри модели, на какви не има навикнато финскиот производител.

Nokia C1 треба да пристигне на почетокот од наредната година и се очекува да има поволна цена, со цел да привлече што повеќе купувачи.

Извор: The Verge, Engadget, Techno Buffalo

Претходна статијаОтсега достапен и монитор со допир за Raspberry Pi
Следна статијаGigaset е нов производител на смартфон сцената, почнува со три нови модели