nokia_building_1476420526023

На нов паметен телефон од Nokia веројатно ќе треба да почекаме уште некое време. Иако очекувавме тоа да се случи наскоро, односно имаше такви најави за D1C уредот, тој веројатно ќе биде таблет со спецификации кои не само што не се возбудливи, туку се прилично слаби и не би можеле да конкурираат на најдобрите во таблет сегментот.

Имено, според протечените информации, во внатрешноста на овој таблет е вграден Snapdragon 430 процесор, кој е чип наменет пред се за полесни апликации. За среќа, помогнат е од солидни 3 GB рам меморија и 16 GB простор, веројатно со можност за проширување преку micro SD картичка. Камерите пак ќе бидат прилично моќни – задната има 16 мегапиксели, додека предната има 8 мегапиксели.

Најголема предност, а воедно и недостаток на овој таблет ќе биде големината на дисплејот од 13,8 инчи, која сигурно ќе овозможи одлично мултимедијално искуство при гледање филмови, но ќе ја намали и мобилноста. Тој ќе има Full HD резолуција, што е мошне солидно со оглед на класата, но повторно далеку од најдобрите таблети на пазарот, а особено оние со поголем дисплеј.

Nokia D1C таблетот ќе доаѓа со вграден Android Nougat 7.0, што е супер вест, но тој сигурно ќе биде преоблечен во Z Launcher за Android на Nokia, кој е мошне различен од класичното искуство, иако има корисници кои особено многу го сакаат.

И без грижи – Nokia ќе лансира и паметни телефони, но тоа веројатно ќе се случи на почетокот на наредната година.

Извор: Ubergizmo, GSM Arena, NDTV

Претходна статијаSamsung нуди 100 долари на корисниците на Note 7 доколку повторно земат Galaxy телефон
Следна статијаНаредната поголема надградба на Windows 10 може да се очекува во март идната година?