tangophone-630x330

Последниот Nexus телефон не ги постигна целосно очекувањата и овој пат Google ќе мора да има нешто навистина посебно за да успее да го врати брендот на вистинските патеки. Новиот телефон од серијата ќе го произведува LG и ќе донесе неколку новитети во телефонската индустрија.

Всушност, ова ќе биде првиот телефон со 3D камера која ќе може да направи виртуелна мапа од просторот, веројатно истата која ја најавивме со Project Tango. Модулот за камерата ќе биде направен во соработка со Qualcomm.

Модулот се состои од две камери, специјален RGB сензор и IR сензор за инфрацрвени зраци. Сите овие сензори ги имаме досега видено во паметните телефони, но никогаш заедно во еден систем.

Целта со ваквиот модул е веројатно користење на новиот Nexus за правење изменета реалност, односно можност за изменување на просторот околу вас, со холограмски компоненти, слично на HoloLens на Microsoft. Разликата е само што тука просторот околу вас ќе го гледате преку сензорот на камерата.

Секако, новиот Nexus ќе биде специјално подготвен и за VR уредот Cardboard и заедно со него ќе може да ги прикаже сите можности за изменета и виртуелна реалност.

Инаку, покрај специјалната камера, најавено е дека новиот Nexus ќе го има најмоќниот чип на Qualcomm во моментот (сега е Snapdragon 810) помогнат од 3 или 4 GB рам меморија. Сепак, се уште не е позната големината на дисплејот и тоа дали навистина ќе бидат лансирани два Nexus телефони, но се ова ќе го дознаеме на официјалната промоција во Октомври оваа година.

Извор: TechnoBuffalo

Претходна статијаДубаи ќе инсталира цела „шума“ од „паметни палми“
Следна статијаНајмалата светилка на светот направена од графен