launcher-new-1

Според информации од порталот Android Police, познати по своите извори, Google спрема промени во главниот екран на Android кои ќе бидат ексклузивни за новите Nexus уреди. Од Android Police тврдат дека оваа информација е 90% точна, односно може да се смета како сигурна.

Промените кои тие ги најавуваат вклучуваат промени во App Launcher-от, како и во лентата за Google пребарување карактеристична за овој оперативен систем.

Промените во App Launcher-от, односно делот каде што корисниците можат да ги најдат сите апликации на нивниот уред, во главно се во начинот на пристапување до него. Досега, како што и сигурно ви е познато на повеќето, до сите апликации се доаѓа преку притискање на посебното копче кое се наоѓа на долната лента, конкретно во средина.

Според информациите, ова копче треба да биде целосно тргнато, а до листата на апликации ќе се пристапува со повлекување нагоре со прстот. Исто така, на долната лента ќе биде ставена помала стрелка нагоре, која ќе може да биде притисната за појавување на листата со апликации.

Тргањето на копчето овозможува една предност, а тоа е просторот за 5, наместо 4 апликации на долната лента.

Покрај оваа промена, се најавува и промена во лентата за пребарување која обично е поставена на горниот дел од екранот. Истата треба да биде заменета со виџет од календарот и G икона која ќе се гледа на левата страна од екранот. Пребарувањето ќе се прави со притискање на G копчето, кое се проширува во дел наменет за пребарување.

Новите Nexus уреди се разбира ќе работат на најновиот Android Nougat, иако интересно оваа година тие нема да бидат првите уреди кои ќе ја претстават најновата верзија од овој оперативен систем, а таа чест ќе ја има LG V20 кој треба да биде претставен во септември.

Извор: Android Police, The Verge, TNW

Претходна статијаPokémon Go – револуција или деволуција?
Следна статијаXiaomi лансира свој VR уред кој ќе работи со нивните паметни телефони
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.