1223_samsung

Пред неколку дена пишувавме за првите информации за Galaxy A9, новиот телефон од средно – високата класа на Samsung, кој треба да го пополни местото под Galaxy Note. Се работи за уред со огромен дисплеј од 6 инчи и батерија од 4000 mAh, како и перформанси кои треба да се доволно моќни за повеќето корисници.

Кога мислам на доволно моќни, алудирам на Snapdragon 652 (преименуван од Snapdragon 620, но се работи за истиот чип), кој има доволно процесорска сила за брзо работење со оперативниот систем, благодарение на осумте јадра, од кои четири помоќни работат на 1.8 Ghz.

Сепак, овој чип заостанува кога е графиката во прашање – Adreno 510 не е наменета за 3D игрите, но тоа веројатно нема да го почувствуваат поголемиот дел од корисниците. Чипот во Galaxy A9 ќе биде придружен од 3 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање податоци.

samsung-galaxy-a9

Дисплејот има големина од 6 инчи и Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели (густина на пиксели од 367 ppi) и AMOLED технологија, што е солидно со оглед на класата. Најмногу импресионира рамката околу дисплејот, која е многу мала, што треба да помогне во полесно ракување со гигантскиот уред, но прави и телефонот да изгледа поубаво. И покрај малата рамка, Samsung успеал да смести и хардверско “Home” копче во долниот дел, заедно со читач за отпечатоци на прстите.

Камерите, барем на хартија се одлични. Задната има 13 мегапиксели, но многу поважно има леќа со брза бленда од f1.9 и оптичка стабилизација, што треба да помогне во вадењето на почисти фотографии навечер. Предната камера има 8 мегапиксели и исто така брза бленда од f1.9, но нема оптичка стабилизација на сликата.

Голем адут на Galaxy A9 треба да биде траењето на батеријата, благодарение на огромната батерија од 4000 mAh. Телефонот исто така поддржува Qualcomm QuickCharge, што значи дека полнењето ќе трае многу пократко.

Samsung-Galaxy-A9

Како и сите нови телефони од Galaxy S и Galaxy A сериите на Samsung и овој има прилично допадлива изработка со алуминиумска рамка и Gorilla Glass стакло во предниот и задниот дел. Сепак, не толку допадлива е верзијата на Android – Galaxy A9 доаѓа со вграден Lollipop 5.1.

Извор: GSMArena, Engadget, 9 to 5 Google

Претходна статијаНовогодишна промоција на neoCloud
Следна статијаСпоред резултатите од контроверзен експеримент, Универзумот „веројатно“ сепак не е холограм