oneplus-one-review-featured-1280x853

Веќе на неколку наврати пишувавме за проблемите со прегревањето на Snapdragon 810 и падот на перформансите, нешто што го чинеше Qualcomm и намалена продажба на чипот. Сепак, сега се подготвува втора негова верзија, која треба да биде имуна на тие проблеми.

Подобрената верзија ќе се вградува во новиот OnePlus 2, телефонот кој во првата генерација привлече многу купувачи и следбеници, а благодарение на извонредните спецификации, квалитетната изработка и ниската цена.

Новиот модел ќе ги има сите овие карактеристики, а во споредба со конкурентите од високата класа, ќе има и подобар процесор, односно барем од оние што користат чипови на Qualcomm. Кинезите од OnePlus ветуваат дека Snapdragon 810 кој ќе се вградува во новиот модел ќе има подобрен дизајн.

Исто така, заедно со инженерите од Qualcomm, работено е и на подобро ладење, па за таа цел вградени се специјален термален гел и графит, на различни делови од телефонот, со цел подобра дисперзија на топлината.

Покрај тоа, и софтверот, односно скинот Oxygen OS кој е вграден врз Android Lollipop, ќе биде целосно оптимизиран за да работи со процесорот на Qualcomm и треба да овозможи многу помазна работа во самиот оперативен систем.

OnePlus 2 би требал да биде претставен уште наредниот месец. Цената и натаму ќе биде пониска од таа на главните конкуренти, како Samsung Galaxy S6, iPhone 6 Plus и HTC One M9, но нема да биде ниска како таа на актуелниот модел, кој моментално чини само 322 долари.

Извор: Techno Buffalo, TalkAndroid

Претходна статијаBlackberry ќе претстави моќен телефон со Android?
Следна статијаDARPA работи на вештачки бактерии за нашиот дигестивен систем