farewell_Blog

Од 20 април годинава OnePlus One е достапен за сите, нема да имате потреба од покани за да можете да купите еден примерок.

Имено, OnePlus One сега чини 299$ за верзијата со 16 GB, а доколку сакате 64 GB простор тогаш ќе ве чини 349$.

OnePlus One првично работеше на Cyanogen оперативниот систем, но сега OnePlus си направи свој оперативен систем базиран на Lollipop, кој според кажаното работи поефикасно од претходно. Тоа е најверојатно поради тоа што OnePlus планира да се издвои од Cyanogen со идните уреди.

OnePlus 2 сепак ќе биде достапен по стариот систем на покани, барем првично. Целта на овој систем според OnePlus е да се контролираат маргините на побарувачка и достава, но експертите не се согласуваат со таа изјава и тврдат дека целта на овој систем е да се зголеми интересот и рекламата пренесена од човек на човек. Истото тоа го постигнаа со OnePlus.

Системот на покани всушност функционира на тој начин што за да купите уред морате да чекате до вторник, бидејќи само тогаш може да се купи уред без покана. Кога станува збор за останатите денови од неделата треба да добиете покана директно од OnePlus или од корисник кој веќе купил уред па ве поканил и вие да го направите истото. Засега OnePlus One ќе биде достапен секој ден од неделата за секого, но тоа по сè изгледа дека нема да важи за OnePlus 2.

Извор: Venturebeat

Претходна статијаСпоред Германскиот суд Adblock Plus е легален
Следна статијаWindows 10 Build 10061 носи низа корисни подобрувања и нова Outlook апликација