Кинескиот производител ги објави првите фотографии од новиот модел R7, паметен телефон за кој веќе пишувавме и кој наскоро ќе биде претставен на јавноста, а кој ќе има исклучително тенко куќиште и екран без рамка од страните, што асоцира на премиум и луксузен изглед.
Според првите информации, дебелината на R7 ќе изнесува само 6,3 mm, што е за 0,6 mm помалку од iPhone 6 и е веројатно причината што камерата излегува малку од задниот крај. Отстрана, премиум изгледот е нагласен со метална рамка, како скоро секој друг премиум модел во класата.
Oppo R7 ќе има големина на дисплејот од 4,7 инчи со Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели, што со оглед на малата рамка околу екранот, го прави исклучително компактен. Во внатрешноста е вграден MediaTek процесор со осум јадра, кој веројатно ќе биде помогнат од 3 GB рам меморија.
Батеријата треба да има капацитет од околу 2000 mAh, а како и скоро секој кинески производител и R7 ќе има можност за користење на две сим картички со 4G брзина. Задната камера ќе има 20 мегапиксели, но не е познато кој е производител на сензорот.
Засега, се уште не е најавено кога ќе биде официјално претставен овој модел, но и да се случи, телефонот би бил прво достапен само на кинескиот пазар. За подоцна годинава е најавена и премиум изведба Oppo R7 Plus, со поголем екран и уште помоќни компоненти.
Извор: Techno Buffalo