main

Телефон од средната класа со 4 GB рам? Кинескиот производител Oppo направи таква комбинација, вклопена во прилично луксузен и премиум дизајн со тенко алуминиумско куќиште и голем екран од 5,5 инчи со Full HD резолуција.

Oppo R7s е опремен со процесорот од средната класа на Qualcomm, Snapdragon 615, кој има осум јадра, но тие не се толку моќни како на Snapdragon 808 или 810. Сепак, и покрај тоа што чипот не е со највисоки перформанси, помогнат е од 4 GB рам меморија, која ќе биде корисна за работењето со повеќе апликации одеднаш.

oppo-r7s

Телефонот е опремен и со голем простор за складирање податоци од 32 GB, кој може да се прошири и со micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 3070 mAh, додека камерите се со 13 мегапиксели назад, односно 8 мегапиксели напред. Како и секој телефон на Oppo и овој е опремен со Android оперативен систем, во овој случај Lollipop 5.1, но облечен во Color OS 2.1 скинот.

Спецификациите не ја кажуваат целосната приказна кај новиот телефон на Oppo – алуминиумското куќиште изгледа подобро и од некои телефони од високата класа, додека специјалното 2.5D стакло, кое е благо закривено на страните, изгледа како да се претопува во алуминиумот, што дополнително оддава впечаток на премиум уред.

oppo-r7s-1

Цената на Oppo R7s се уште не ни е позната, но ќе биде достапен и во Европа, со надеж дека ќе го видиме и на нашиот пазар.

Извор: Android Central, GSMArena, Oppo

Претходна статијаAsus спрема своја верзија на HoloLens
Следна статијаFacebook ќе ве извести ако смета дека властите ви ја имаат пробиено сметката