pepsi-phone (1)

Неодамна напишавме дека Pepsi ќе претстави свој паметен телефон и тоа навистина се оствари – има многу солидни спецификации и исклучително ниска цена. Сепак, достапен е само во Кина, освен ако не сакате да го порачате за да ви стигне дотука…

Нормално, се работи за Android телефон со Lollipop 5.1. Екранот има големина во дијагоналата од 5,5 инчи и многу солидна Full HD резолуција, иста како кај iPhone 6S Plus. Процесорот, како кај повеќето телефони во Кина е MediaTek со осум јадра, помогнат од 2 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

pepsi-phone (2)

Камерите имаат 13, односно 5 мегапиксели, што е повторно одлично со оглед на тоа дека цената е многу ниска, додека батеријата има капацитет од 3000 mAh. Бидејќи се работи за телефон од 2015 година, вграден е и читач за отпечатоци на прстите.

Ако досега помисливте дека има нешто различно, нешто Pepsi во телефонот – тоа е само една позадина и неколку редизајнирани елементи во оперативниот систем. Уште не знаеме дали софтверот ќе забрани позадина од CocaCola доколку се обидете, но тоа не би било кул секако.

pepsi-phone (3)

Цената на Pepsi P1s изнесува 110 долари во Кина, што е одлично со оглед на спецификациите и што најверојатно докажува дека неговата улога е за подобра промоција на Pepsi во Кина и веројатно се продава и со загуба…

Извор: TechnoBuffalo, Engadget

Претходна статијаMicrosoft Surface Phone „забележан“ во бенчмарк мерења!?
Следна статијаЛасери за прв пат употребени за ладење на течност