Претставувањето на Galaxy S21 серијата од Samsung се очекува да се случи на 14-ти јануари, односно за скоро еден месец од сега. Од компанијата уште ја немаат потврдено оваа дата, но од досегашното искуство, очекуваме дека неофицијалните информации ќе се покажат како и обично точни.

После повеќето неофицијални слики кои го прикажуваат изменетиот изглед на телефоните, сега имаме кратки промотивни видеа или дел од нив, за кои се тврди дека се официјални од Samsung. Видеата ги објавува познатиот портал Android Police, па поради тоа информацијата може да ја сметаме како прилично сигурно точна.

Достапни се три кратки видеа во кои се прикажани трите модели кои се очекува дека ќе бидат претставени, односно Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra.

Тоа што се гледа не овие видеа е во рамките на досегашните неофицијални слики, односно најголемата промена во изгледот доаѓа кај модулот за камерите кој ќе биде направен да се прелева, односно спојува со страната од уредот. Може да се каже дека ова е доволна промена за освежување на изгледот, а и одлично изгледа како решение.

Galaxy S21 и Galaxy S21+ изгледаат исто, односно имаат рамни екрани и мали рамки кои се исти на сите страни. Заоблен екран ќе има Galaxy S21 Ultra моделот, за кого се најавува и дека ќе добие поддршка за S Pen и можеби оваа година нема да видиме нова генерација од Note серијата.

Камерите кај уредите се три, додека Ultra моделот има четири, како и нов сензор за фокусирање на сликата, наместо ToF сензорот кој се користеше оваа година.

Видеата можете да ги видите на страната на Android Police на овој линк.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаFlash ја доби својата последна надградба пред официјалниот крај на оваа технологија
Следна статијаVIVAX – топлината во вашиот дом повеќе од 16 години
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.