Google треба да ги лансира новите Pixel смартфони откако Samsung и Apple ќе ги претстават своите најдобри телефони и затоа им треба прилично силен “WOW” ефект за да можат да остават печат на пазарот. Ако им веруваме на новите протечени фотографии од Pixel 2 телефонот, односно помалата верзија, тој нема да има каракатеристики со кои ќе може да им конкурира на најдобрите.

Имено, на фотографиите се гледа телефон кој има прилично голема рамка околу дисплејот, што е спротивно на трендот. Исто така, Pixel 2 нема да има излез за слушалки, што е лош потег со оглед на тоа дека во телефонот најверојатно има место за да се вгради еден таков излез, а назад е вградена единечна, а не двојна камера.

Многумина ќе речат дека телефон на Google се купува повеќе поради софтверот, односно чистата верзија на Android, но јас не би се сложил дека поради тоа треба да страда хардверот. Сепак, има една карактеристика која би можела да го спаси Pixel 2, а тоа се предните стерео звучници, кои недостасуваат кај многу од конкурентите и кои според мене се „морални“ за квалитетно аудио/видео доживување.

Овие информации сепак се однесуваат на стандардниот Pixel 2 модел – поголемиот Pixel 2 XL најверојатно ќе има 18:9 дисплеј со многу мала рамка, со слична изведба на онаа на LG G6. Според тоа, поголемиот телефон би можел да чини и многу повеќе од претходно, особено споредено со помалиот модел.

Извор: Talk Android, TechRadar, BGR

Претходна статијаInsider корисниците сега можат да го контролираат Windows 10 само со очите
Следна статијаТрофеите поставени, фановите се собираат на плоштад, неутралната зона отворена