Годинава и двата Nexus смартфони веројатно ќе бидат изработени од HTC и како што секогаш бива, ние уште отсега ги имаме првите фотографии, кои покажуваат дизајн кој е мешавина на неколку различни телефони во едно.
Имено, материјалите од кои ќе бидат изработени новите Nexus-и е комбинација на алуминиум и стакло, но како кај ниту еден паметен телефон досега. Имено, задниот дел ќе биде третина од стакло, а две третини од алуминиум, додека дисплејот напред ќе биде ставен во пластична рамка, покриена со стакло…
Колку ќе изгледа ова во живо останува да видиме кога ќе биде претставен телефонот, но HTC досега ретко разочарал со дизајните на своите паметни телефони, па може да очекуваме и овој да биде прилично допадлив и луксузен уред. Интересно, достапни ќе бидат неколку нови бои, што досега не било случај со телефоните на Google – моделот со сребрена боја ќе има бела рамка напред, додека понуден ќе биде и модел во „електрична сина“ боја, која ќе биде веројатно слична на сината боја на Galaxy уредите на Samsung.
Вториот уред наречен Marlin, за кој иако уште нема фотографии, скоро сигурни сме дека ќе има сличен дизајн на овој на Sailfish, само во малку поголемо пакување. Тој ќе биде всушност поскапата изведба, како што е денес Nexus 5X, додека Marlin ќе биде замена за Nexus 6P. И двата уреди секако ќе бидат претставени заедно со лансирањето на новиот Android Nougat 7.0 оперативен систем.
Според протечените информации кои ги дознавме, Sailfish ќе биде опремен со Snapdragon 820 процесор и барем 4 GB рам меморија, додека дисплејот ќе има големина од 5 инчи и Quad HD резолуција. Батеријата има (мал) капацитет од 2.770 mAh, додека во телефонот е вграден 32 GB простор за складирање податоци. Задната камера ќе има 13 мегапиксели, додека предната 8 мегапиксели.
HTC Marlin пак ќе има малку помоќен Snapdragon 821 процесор, 4 GB рам и 32 GB простор, како и поголема батерија од 3.450 mAh. Камерата ќе има помалку мегапиксели, поточно 12, но веројатно со поголем сензор и подобра оптика, додека предната исто така ќе има 8 мегапиксели.
Извор: T3, Phone Dog, Android Police