Screenshot_321341

Како се доближуваме до 2 август, датумот кога ќе биде лансиран новиот Galaxy Note 7, дознаваме се повеќе и повеќе работи за него. Овој пат протекоа фотографии од Galaxy Note 7 во живо, благодарение на кои може да потврдиме неколку спецификации.

Прво на фотографиите добро може да се види дека дисплејот ќе биде закривен на страните, односно популарно познатиот Edge, иако тоа нема да стои во името. Ова значи дека во иднина сите телефони од високата класа на Samsung веројатно ќе имаат ваков дисплеј, а технологијата би можела да се симне и во пониските класи.

Исто така, според големината, екранот ќе има големина од 5,7 или 5,8 инчи, со прилично мала рамка во горниот и долниот дел, што ги намалува димензиите. Копчињата отстрана пак ќе бидат многу потенки од досега, што е последица на Edge дисплејот, кој го намалува просторот за вградување на хардверски копчиња на металната рамка.

Во горниот дел може да се забележат и голем број на сензори, поголем број од оние на актуелниот модел, што веројатно ја потврдува информацијата дека Galaxy Note 7 ќе има скенер за ирисот на окото, кој би требал да работи исто како оној во Microsoft Lumia 950 и 950 XL.

Останатите спецификации кои ни се познати велат дека Galaxy Note 7 ќе има Snapdragon 821 процесор, 6 GB рам меморија, 64 GB простор со micro SD слот, задна камера со 12 мегапиксели и предна камера со 5 мегапиксели, како и IP68 водоотпорност, исто како и Galaxy S7 и S7 Edge.

Извор: GSM Arena, BGR, SamMobile

Претходна статијаSamsung ќе го претстави Galaxy Note 7 на 2-ри август
Следна статијаMokacam е најмалата 4K Ultra HD акциона камера