Постојат повеќе телефони на пазарот којшто не се во категоријата на „паметни“, а ги претставуваат производителите од време на време, обично наменети за постарите корисници.
Punkt MP02 не би можеле да го ставиме баш во истата категорија. Овој едностсавен телефон, иако исто така не е паметен телефон, наменет е за оние корисници кои им е смачено да константно се достапни и поврзани на интернет.
Овој телефон иако доаѓа со 4G чип, тој не може да се користи од страна на телефонот, а и Android оперативниот систем на којшто работи, не овозможува инсталација на апликации и слични други стандардни активности.
4G чипот е тука за да овозможи „HotSpot“ за поврзување на други уреди, како на пример лаптоп или таблет компјутери, па со тоа корисникот да се поврзе на интернет кога навистина му е потребен.

Што се однесува до функциите на MP02, тие се прилично основни и стандардни за еден обичен телефон. Корисниците може да прават повици, да испраќаат и примаат SMS пораки и уште неколку функции како часовник, калкулатор и слично.
Цената на овој уред сепак е до некаде изненадувачка, односно изнесува високи
350 долари, сума за која во денешно време може да се купат прилично добри смартфони. Сепак, целта на овој уред е друга.
Основачот на Punkt најдобро го објаснува претставувањето на овој телефон:
„Ако некој сака да разговара со мене, може да ми се јави. Други форми на комуникација, како на пример имејл или друштвени мрежи, се достапни кога јас ќе изберам да ги користам – како и преку поврзан уред кој ми овозможува да ги користам повеќе ефективно.“