Рекламите коишто Samsung изминатите неколку години ги прави за своите најдобри модели, како што е моментално Galaxy S9, се направени така да повеќето кои ги следат, се прашуваат што наредно ќе има во нив.

Причината за тоа е што Samsung почна да ги прави рекламите на еден повеќе може да се каже хумористичен начин, истакнувајќи ги предностите и супериорноста на нивните производи во споредба со најголемиот конкурент Apple и нивниот iPhone.

Минатата недела ја видовме рекламата во која се истакнува брзината на симнување на податоци, а сега се достапни две нови реклами, како продолжение на првата, во кои се истакнуваат брзото полнење и камерата.

Погледнете ги рекламите во продолжение.