GalaxyA2016_A7_Main

Сите оние кои сакаат луксузен Galaxy телефон, а немаат доволно длабок џеб за да си ги дозволат смартфоните од S и Note серијата, од неодамна имаат можност да го направат тоа со Galaxy A телефоните, кои сега веќе ја доживеаја и втората генерација. Galaxy A3, A5 и A7 ги карактеризира луксузен дизајн со тенко куќиште, изработено од метал и стакло – исто како кај поскапите браќа.

Покрај тоа што во однос на претходниците се користени поквалитетни материјали, има и напредок во перформансите и камерите, кои сега опасно се доближуваат до високата класа. Но, да почнеме со ред.

Samsung Galaxy A3
Најевтиниот телефон од „А“ серијата има 4,7 инчен Super AMOLED дисплеј со HD резолуција и Gorilla Glass 4 заштита, што е во рамките на средната класа. Во внатрешноста бие срцето на добро познатиот Snapdragon 410 чип со четири јадра, кој е помогнат од 1,5 GB рам меморија и 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка. Веројатно минимумот хардверски побарувања за прилично тешкиот TouchWiz скин на Samsung.

Galaxy_A3_final

Камерите сега добиваат поголема резолуција – задната има 13 мегапиксели, додека предната 5 мегапиксели. Батеријата има капацитет од 2300 mAh, што би требало да е доволно за цел ден користење со оглед на користењето на штедлив чип и Super AMOLED  дисплејот. Малиот капацитет на батеријата пак е заслужен за тенкото тело – само 7,3 mm. Samsung Galaxy A3 ќе може да се купи и во Dual SIM варијанта.

Samsung Galaxy A5
Средниот модел во Galaxy A понудата има 5,2 инчен Super AMOLED дисплеј со Full HD резолуција и Gorilla Glass 4 стакло, што е рамо до рамо и со некои телефоните од високите класи. Процесорот е помоќен – има осум јадра кои работат на 1,6 Ghz, а помогнат е и од 2 GB рам меморија. Како и кај помалиот модел и овде има 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Galaxy_A5_final

Како и кај помалиот А3 модел и тука камерите имаат 13, односно 5 мегапиксели, но со една многу важна разлика – задната камера има оптичка стабилизација. Ова овозможува многу пoдобри слики навечер, бидејќи телефонот нема да мора да користи високо ISO за да биде светла фотографијата, но и постабилно видео, во овој случај максимум Full HD. Galaxy A5 има уште еден адут во ракавот – читач за отпечатоци на прстите, ставен во предното “Home” копче.

Батеријата во овој модел има капацитет од 2900 mAh, што исто така би требало да е доволно за цел ден користење, а дебелината на телото исто така изнесува само 7,3 mm.

Samsung Galaxy A7
Galaxy A7 е најголемиот и најмоќен модел во понудата. Има 5,5 инчен Super AMOLED дисплеј со Full HD резолуција и Gorilla Glass 4 заштита и истиот процесор од Galaxy A5, но тука помогнат од 3 GB рам меморија, што треба да овозможи помазно работење со повеќе апликации одеднаш. И тука има 16 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Galaxy_A7_final

Камерите се исти како кај Galaxy A5, како и предниот читач за отпечатоци на прстите. Galaxy A7 секако има поголема батерија – 3300 mAh која треба да овозможи прилично подолго време на траење, но дебелината на телото останува иста како кај претходните два модели – 7,3 mm.

Сите модели ќе доаѓаат со вграден Android Lollipop 5.1, веројатно со можност за надградба на Marsmallow наскоро. Секако, врз Android е ставен TouchWiz скинот на Samsung, кој не е баш по вкусот на сите купувачи, а се покажува и како прилично тежок товар за внатрешните компоненти дури и кај Galaxy S6 и Galaxy Note 4 моделите.

Новите Galaxy A уреди треба да пристигнат на пазарот на почетокот од наредната година и секако треба да ги очекуваме и кај нас. Цените сеуште не се објавени, но би требало да бидат во рамките на актуелните модели.

Извор: Android Central, GSMArena, Samsung

Претходна статијаЦентарот за известувања на десктоп тргнат од најновата верзија на Google Chrome
Следна статијаWestern Digital претстави хард диск со капацитет од 10 TB наполнет со хелиум