Селфи камерите се дефинитивно „ин“ во моментов и нивниот квалитет и можности не ретко е ист како и тој на задните камери. Најголемиот светски производител на паметни телефони, Samsung, конечно лансираше паметни телефони со квалитетна селфи камера со вграден блиц, но засега, истите ќе бидат достапни само во Кина.
Помалиот и поевтин J5 има 5 инчен екран со HD резолуција и Snapdragon 410 процесор со четири јадра, помогнат од 1,5 GB рам меморија. Батеријата има капацитет од 2600 mAh, што е веројатно доволно и за два дена користење. Поголемиот модел, Ј7 пак има 5,5 инчен екран со HD резолуција и помоќен процесор со осум јадра, Snapdragon 615, но исто така има 1,5 GB рам меморија. J7 има батерија со капацитет од 3000 mAh. И двата модели се достапни во три различни бои и тоа црна, бела и златна.
Камерите и кај двата модели се подеднакви, односно во задниот дел има една со сензор од 13 мегапиксели и брза бленда од f1.9, што значи дека треба да биде добра и во темни, односно ноќни услови. Сепак, главниот адут на J5 и J7 е предната камера со 5 мегапиксели и со вграден блиц, за да можете да сликате квалитетни селфија и кога ќе излезете навечер.
Цената на двата модели ќе биде 225, односно 290 долари во Кина, што не е многу за телефони од Samsung, но од друга страна, многу конкуренти нудат телефони со исти вакви спецификации со цена под 200 долари.
Извор: Android Central