Samsung

Со оглед на тоа што производителите, а посебно најпознатите, вадат нови модели на секои шест месеци, не може да очекуваме којзнае каков напредок, а посериозните разлики се оставени сепак за престапните модели.

Па така, додавањето на поголема батерија и сензор за отпечатоци под екранот, можеби не звучат како нешто големо, сепак, доколку се следи развојот на секој следен модел од компанијата, ова не е така малку. Јас дефинитивно би го „надградил“ мојот Note 8 со новата 9ка.

Galaxy Note 9 би бил претставен како и секогаш при крајот на летото, односно почетокот на есента. Тоа значи дека има уште доста време, но сепак полека почнуваме да ги добиваме првите неофицијални информации.

Оваа информација доаѓа од Ice Universe, кои според TechRadar повеќе пати се имаат покажано како точни информациите кои ги споделуваат.

Како и да е, Note 8 моментално има батерија со капацитет од 3.300 mAh, што е помалку и од помалиот S8+ и S9+. Главната причина за нешто помалата батерија кај Note 8 е веќе подзаборавениот проблем со батеријата на Note 7, која се прегреваше кај голем број на корисници.

Сепак, доволно време е поминато, а и од Samsung сигурно имаат тестирано поголема батерија која нема да прави проблеми, па така, Note 9 се најавува дека ќе има батерија со капацитет од 3.850 mAh. Ова е одличен капацитет којшто ќе направи да активните корисници како мене, 2-3 пати помалку го полнат мобилниот во текот на еден ден, а тие што поретко го користат, можеби ќе издржат и дел од вториот ден.

Што се однесува до сензорот за отпечатоци, дефинитивно би било одлично доколку тој може да биде сместен на предната страна. Иако и на задната не е нешто страшно, сепак, позицијата во која се држи мобилниот прави да на предната страна е повеќе „удобно“ и брзо.

Технологијата веќе е достапна, па тој дел не е пречка, а конкуренцијата полека почнува да ја користи.

ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаПриватноста е мртва?
Следна статија18 години МАСИТ – ИКТ индустријата е носечка за економски и општествен развој
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.