Супер успешниот Galaxy S6 на Samsung промени многу работи во однос на претходниците, од кои скоро сите беа на подобро. Сепак, за многу луѓе, тргањето на слотот за microSD картичка беше рамно на криминал и поради тоа, тој најверојатно ќе се врати во S7-ката.
Информацијата е дојдена од HDBlog.it, што значи дека може да ја прифатиме со мала задршка. Сепак, слот за micro SD картичка би имал и тоа како смисла. Да, за повеќето од корисниците доволен е вградениот простор во телефонот (кај уредите од високата класа најчесто 32 GB, ретко 64 GB), но самото тоа што во смартфоните од високите класи денес има можност за снимање 4K видео, простор е дефинитивно потребен.
Информацијата добива на уште поголема тежина ако се знае дека новиот Android Marshmallow може да ја третира картичката како внатрешна, а не надворешна меморија, што значи дека на нејзе ќе можат целосно да се инсталираат некои апликации (досега дел од апликацијата остануваше во внатрешната меморија и покрај тоа што ја имате инсталирано на micro SD картичка).
Новиот стандард на SDXC картички инаку ветува капацитети од дури 2 TB, што значи дека во џебот ќе можете да ги носите сите податоци од компјутерот. Денес, сепак се достапни картички „само“ со 200 GB.
Според истиот извор, уште една интересна информација – Galaxy S7 веројатно ќе биде заоблен во горниот и во долниот дел, а не на страните. Ова значи збогум на рамката околу екранот, но и збогум на многу од функционалностите – како би требал корисникот со една рака да стигнува до краевите за да ја искористи заобленоста? Особено што информацијата вели дека S7 Edge изведбата ќе се нуди исклучиво со гигантски 5,7 инчен дисплеј.
Но, да не донесуваме заклучок предвреме – Galaxy S7 официјално ќе биде претставен во Февруари наредната година.
Извор: Trusted Reviews, Gizmodo, Slash Gear