galaxy-s7

Samsung оваа недела реши да го прекине производството и со тоа и продажбата на нивниот проблематичен Galaxy Note 7. На корисниците кои веќе го имаат купено уредот им се препорачува да го вратат, а парите ќе им бидат вратени.

Одредени сопственици на Galaxy S7, кој е целосно различен уред и досега нема пријави за слични проблеми со него, почнале да добиваат известувања од Samsung дека нивниот уред е сигурен и дека не треба да го заменат или вратат.

Ова можеби е малку чудно за искусните корисници кои точно знаат кој уред го користат и дали тој е во листата на проблематични. Меѓутоа, кога ќе се земе во предвид милионската количина на продадени уреди од компанијата, сигурно има и такви кои не се баш сигурни, па по читање на вестите за Note 7, може во најмала рака да бидат загрижени.

Доколку некој од нашите читатели исто така се прашува дали неговиот Galaxy S7 е сигурен, оваа статија може да се смета како потврда за истото.

Информации дека истите известувања се испраќаат и кај корисниците на S7 Edge верзијата нема, но и овие корисници можат да бидат сигурни дека нивниот уред е во ред.

Инаку, проблемите со кои се соочуваше Note 7 беа поврзани со батеријата која во неколку ситуации се имаше запалено. Сериозниот проблем кој доведе до откажување на целата серија настана кога од Samsung не успеаја да го откријат и средат проблемот, па истиот продолжи да се јавува и кај заменетите уреди.

Извор: TechnoBuffalo, The Verge

Претходна статијаHuawei Mate 9 неодоливо потсетува на Note 7 и S7 Edge
Следна статијаMicrosoft Windows Server 2016 е достапен за генералната публика
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.