Фото: Shutterstock.com

Минатата недела можевме да прочитаме за откритието дека Samsung ги ограничува, односно намалува перформансите на игрите со цел да се заштити уредот од прегревање, како и трошење на батеријата.

Овој систем од компанијата кажаа дека е наречен Game Optimization Servis – GOS, со што дополнително се истакнува дека е замислен да влијае само на перформансите на игрите, иако и тоа е прашање дали може да се смета како во ред.

Проблемот настана кога излегоа тврдења дека не е точно дека GOS се користи само кај апликациите за игри, туку дека се користи за повеќе апликации, поточно 10.000, а во оваа листа не се апликациите за мерење на перформансите, односно „бенчмарк“ апликациите.

Поради тоа, од една од најпознатите бенчмарк апликации, Geekbench, излегоа со соопштение дека оваа практика на Samsung ја сметаат како манипулација на резултатите, па ги тргнаа најдобрите телефони од оваа компанија од изминатите четири години, од нивната листа со резултати.

Од Samsung за кратко излегоа со најава дека планираат да пуштат посебна надградба со која на корисниците ќе им дадат можност да го исклучат или вклучат GOS системот и со тоа да добијат подобри перформанси, на сметка на батеријата и загревањето на уредот.

Оваа надградба стигна доста побрзо од очекуваното, па од вчера истата им е достапна на корисниците од Јужна Кореа, од каде е и компанијата.

Нема информации засега за тоа кога може да се очекува оваа надградба во остатокот од светот, а кога ќе стане достапна ги чекаме новите тестирања кои треба да покажат какви ќе бидат ефектите од исклучувањето на GOS.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија„Табови“ во File Explorer конечно се тестираат во Windows 11
Следна статијаGley пакет за А1 корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.