На крајот од минатиот месец излезе неофицијалната информација од познатиот Ming-Chi Kuo дека Apple нема да вклучи полнач кај iPhone 12 моделите кои треба да бидат претставени оваа година. Објаснувањето е дека оваа одлука ќе има позитивен еколошки ефект, но како што истакнува Kuo, Apple во главно сака да заштеди со цел да ја задржи истата цена од лани кај годинешните модели кои ќе дојдат со 5G чип.

Сега, според информации кои ги објави корејскиот портал ETNews и Samsung е во план да почне да прави вакво нешто. Поточно, Samsung од идната година кај одредени модели ќе започне да не вклучува полнач, со објаснување дека корисниците веќе имаат доста полначи од претходните телефони, па најчесто не им се потребни нови.

Секако компаниите ваквата одлука ќе сакаат да ја оправдаат како нивна грижа кон околината, а до некаде и е точно дека премногу полначи не се користат и се фрлаат, зголемувајќи го електронскиот отпад, но и влијанието на околината со потребата за нивно производство.

Со тргањето на полначот од кутијата, Samsung и Apple ќе можат да го променат дизајнот на нивните кутии, односно тие ќе бидат помали.

Дали овие неофицијални информации ќе се покажат како точни и каква ќе биде реакцијата на корисниците останува да видиме, најрано оваа есен. Сепак, ако се земе искуството во предвид со неофицијалните информации, а посебно од познати личности како Ming-Chi Kuo, тогаш можеме со сигурност да очекуваме дека вакво нешто ќе стане стандард до идната година.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft Teams ќе добие повеќе нови можности кои ќе ги подобрат видео конференциите за компаниите и образовните институции
Следна статијаДостапна јавната бета од iOS 14 за сите заинтересирани корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.