unpacked2016_info_visual

Настанот којшто од Samsung го закажаа пред две недели ќе се одржи утре, 2-ри август. Ова е датата која фановите на Note серијата од компанијата ја чекаа за да го видат најновиот модел кој ќе ја рипне бројката 6 и ќе биде наречен Galaxy Note 7.

Како што е веќе одамна редот, повеќето информации за новиот модел веќе се неофицијално излезени, а голем дел од нив ќе се покажат како точни. Од она што досега го знаеме, Note 7 треба да дојде со следните карактеристики:

  • 5,7 инчен AMOLED екран со Quad HD резолуција
  • Snapdragon 821 чипсет
  • 6 GB RAM меморија
  • 64 GB простор за складирање со можност за додавање на micro SD картичка
  • Скенер за отпечатоци на прсти, како и скенер на ретината од окото
  • Edge екран кој најверојатно ќе стане стандард за врвните модели од компанијата

Сепак, да оставиме и нешто за утре, кога ќе се одржи настанот, а сите кои ќе имаат време ќе можат да го гледаат во живо. Samsung ќе го пренесува настанот во живо преку нивната страна, односно YouTube профил почнувајќи од 17:00 часот по македонско време.

Со оглед на тоа што кај нас покрај сезоната на одмори, утре е и празник, најверојатно мал дел од вас ќе имаат време да го изгледаат настанот, меѓутоа доколку сте дома и немате што да правите, ова може да е интересна занимација за утрешното попладне.

Исто така, во среда ќе можете да прочитате се што е важно околу претставувањето на Galaxy Note 7 од нашиот автор кој најдобро ги пренесува овие работи, Иво Гиевски.

Извор: Samsung, TechnoBuffalo