Нашиот Galaxy S9 утрово имаше известување од апликацијата „Find My Mobile“ со само една информација, а тоа беше бројката „1“. Се зачудивме што е, дали можеби се работи за некој „хак“, некој проблем со приватноста или слично, а посебно кога притискањето на известувањето не направи ништо.

Сепак, испадна дека известувањето било по грешка пратено на сите корисници во светот од страна на Samsung. Тие за корејски портал истакнале дека се работело за тест којшто не излегол како што треба.

Со оглед на информациите, доколку сте корисник на некој од Galaxy телефоните, шансите се дека го имате добиено ова известување и се имате зачудено што тоа значи. Сега можете да бидете мирни дека не е нешто што претставува некаков проблем.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаШто кога Пепси ќе ти понуди авион?
Следна статијаGoogle тргна 600 апликации од Play Store поради прекршување на правилата за рекламирање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.