Samsung со Galaxy серијата на паметни телефони освојува се поголем колач од пазарот на паметни телефони. За ова голема заслуга има и Android оперативниот систем во нив, нешто што Samsung веќе подолго време сака да го промени со нивниот Tizen оперативен систем. Смартфоните со ваков софтвер немаа особен успех на пазарот, но Samsung сепак планира нов уред наречен Samsung Z4.
Телефоните со Tizen досега беа од пониските класи и овој модел веројатно нема да го промени тоа. Според она што сега го знаеме, Z4 ќе има HD дисплеј со големина од 5 инчи (нормално, AMOLED), 1 GB рам меморија, 8 GB простор и батерија од само 2.050 mAh. Од шемите за телефонот знаеме и дека ќе има двоен блиц на задната камера, блиц за предната камера и слот за две SIM картички и micro SD картичка.
Ова се сигурно спецификации кои нема да бидат доволни за Z4-ката да биде достоен конкурент на Android конкуренцијата, но Samsung сигурно има некаква идеја со овој оперативен систем и самото тоа што воопшто продолжуваат со ваквите смартфони, укажува на тоа дека нема да се откажат.
За она што има ново во Tizen 3.0 исто така нема многу информации (освен дека ќе го поддржува новото Vulkan API за игри), но како и да е, овој оперативен систем е веќе познат по тоа што ги копира многу од функционалностите и дизајнот на Samsung Experience скинот за Android, па новата верзија најверојатно ќе биде многу слична на тоа како изгледа корисничкиот интерфејс во новите Galaxy S8 и S8+.
Извор: TechnoBuffalo, The Verge, Digital Trends