Многумина веројатно не знаат, но Sharp беше првиот производител кој претстави смартфон без рамка околу дисплејот (освен прилично големата брада во долниот дел), кој пред три години, кога беше лансиран, изгледаше прилично импресивно (подолу на фотографијата), иако имаше прилично слаби спецификации.

Сега, јапонскиот производител познат пред сѐ по својата напредна технологија за дисплеи, ќе претстави два нови модели, кои нема да имаат воопшто рамка околу дисплејот. Нивниот дизајн ќе биде малку поразличен од претходникот Aquos Crystal, односно аглите ќе бидат заоблени, а и самите спецификации ќе бидат многу помоќни.

Така, екранот сега ќе има резолуција од 2048×1080 пиксели, растегнати на дијагонала од 5,5 инчи, што значи дека димензиите на телефоните ќе бидат исклучително мали.

Во внатрешноста, зависно од моделот ќе се вградуваат новите Snapdragon 660 или Snapdragon 630 чипови и 6 GB, односно 4 GB рам меморија и максимум 64 GB простор.

Назад пак најверојатно ќе биде вградена двојна камера. Ако се посомневавте, фотографијата која протече низ интернетот добро покажува дека во предниот горен дел ќе има засек за камерата, што значи дека сликањето на селфија со овој смартфон нема да им биде скратено на идните корисници.

Со претставувањето на овие два слични модели, Sharp ќе биде еден од ретките производители кои ќе имаат смартфон без воопшто рамка околу дисплејот. Бидејќи се работи и за модел со малку послаби спецификации (иако новите процесори од серијата „600“ се многу моќни, не се на нивото на 835), очекувајте и цената да биде малку пониска.

Јас би рекол дека ова е одлична вест за сите оние кои сакаат да имаат футуристички паметен телефон без воопшто рамка околу дисплејот.

Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, Neowin

Претходна статијаLG ќе го претстави знаменосецот V30 на 31 август?
Следна статијаGangnam Style веќе не е најгледаното видео на YouTube