xperia-z3

Еден од главните проблеми кај Android оперативниот систем е тоа што надградбите на новите верзии доаѓаат многу покасно кај секој телефон што не е Nexus. Причината за ова е што секој производител има дизајнирано сопствено корисничко опкружување, различно од она како го замислил Google.

Некои производители, како Motorolla, го немаат проблемот со каснење на надградбите, бидејќи користат скоро чиста верзија на Android. На ваков потег наскоро веројатно ќе се одлучи и јапонскиот производител Sony, кој најави дека тестира почиста, односно Android верзија поблиска до оригиналната.

Засега, проектот е во тест фаза и е лимитиран на само 500 Xperia Z3 таблет компјутери, а се одвива во Шведска. Верзијата која се тестира е Android Lollipop 5.1, која според Sony е нов концепт на оперативен систем со свежи идеи и напредно корисничко искуство, поблиско до она што е Android од Google.

Исто така, Јапонците најавуваат и развој на различни софтверски концепти за различни типови на електронски уреди, различни корисници од неколку различни светски пазари, со цел вистински инпут од корисникот, кој потоа може да се употреби за креирање на подобар оперативен систем.

Секако, Sony нема целосно да ги избрише своите подобрувања од Android, односно според тоа што го пишува погоре, ќе бидат градени опции кои вистински ќе им користат на оние кои ракуваат со телефонот или таблетот. Засега нема најава кога можеме да ги очекуваме првите вакви уреди, но се надеваме дека тоа ќе биде наскоро.

Извор: The Next Web

Претходна статијаПристигна BlackBerry Passport Silver Edition, не е Android телефонот кој го очекувавме
Следна статијаIntel ги лансираше првите Skylake процесори, наменети за гејмерите