Оваа недела се закажани неколку настани, па може да очекуваме да видиме доста нови уреди. Sony реши да претстави три нови модели на паметни телефони, два од високата класа и еден од пониската. Интересното е што Sony реши да го претстави наследникот на Xperia Z2 моделот кој што го претстави оваа година, па се остава впечатокот дека веќе не се следи само напредокот на технологијата, него целта е да се има што почесто и што повеќе модели на пазарот.
Трите модели кои што ги претстави Sony се Xperia Z3, Xperia Z3 Compact и Xperia E3. Како што би очекувале поради краткото време од претходниот модел, Z3 го задржува дизајнот кој што вклучува стакло на двете страни, како и алуминиумска рамка од страните. Екранот е со иста големина од 5,2 инчи, меѓутоа намалена е големината на рамката околу него, па телефонот е нешто помал. Тука е и копчето за отклучување од страната кое што е истакнато, нешто што е станато карактеристично за Sony телефоните. Како и неговиот претходник, Z3 е отпорен на вода, се разбира до одреден степен.
Xperia Z3 Compact може да се каже дека е истиот модел, само што доаѓа во покомпактна големина, како што кажува неговото име, па наместо 5,2 инчи големиот екран, овој модел доаѓа со 4,6 инчен. Исто така доаѓа со помала RAM меморија, односно со 2GB.
Во продолжение можете да ги погледнете карактеристиките на трите модели кои што денеска ги претстави Sony.
Xperia Z3 | Xperia Z3 Compact | Xperia E3 | |
Димензии | 146 x 72 x 7,3 mm 163 g | 127,3 x 64,9 x 8,6 mm 129 g | 137,7 x 69,4 x 8,5 mm 143 g |
Екран | 5,2 инчен IPS LCD 1920 x 1080 пиксели 424 ppi | 4,6 инчен IPS LCD 1280 x 720 пиксели 319 ppi | 4,5 инчен TFT LCD 854 x 480 пиксели 218 ppi |
Чипсет и процесор | Qualcomm Snapdragon 801 Quad-core 2.5 GHz Krait 400 Adreno 330 | Qualcomm Snapdragon 801 Quad-core 2.5 GHz Krait 400 Adreno 330 | Qualcomm MSM8926-2 Quad-core 1.2 GHz Adreno 305 |
Меморија | 3 GB RAM 16/32 GB внатрешна до 128 GB microSD | 2 GB RAM 16 GB внатрешна до 64 GB microSD | 1 GB RAM 4 GB внатрешна до 32 GB microSD |
Камера | 20.7 MP задна 2.2 MP предна | 20.7 MP задна 2.2 MP предна | 5 MP задна VGA предна |
Батерија | 3.100 mAh | 2.600 mAh | 2.330 mAh |
Оперативен систем | Android 4.4 KitKat | Android 4.4 KitKat | Android 4.4 KitKat |