Дали и ти си еден од огромниот број на фанови на филмската класика наречена Star Wars? Затоа што Sharp во соработка со SoftBank, водечкиот оператор во Jaпонија го претстави новиот Star Wars мобилен телефон посветен на најверните фанови. Двете спротивставени сили во филмот претставени се со две спротиставени верзии на телефонот Light Aliance и Dark Aliance.
Тенкиот дизајн и изгледот во духот на филмот е само еден дел од возбудливоста. Вистинското изненадување се наоѓа во внатрешноста на телефонот односно Андроид 6.0 Мarshmallow софтвер надграден со Star Wars тема, живи позадини кои што ке направат вашиот телефон да изгледа како некое од леталата, Star Wars икони, емотикони, звуци, музики и Star Wars игра за колекција на карти. Но тоа не е се телефонот доаѓа и со видеоплеер кој ви овозможува бесконечни прегледи на филмот The Force Awakens до 2020 година.
Телефонот е 7,6mm дебел, 155g тежок и доаѓа со доста високи технички карактеристики. Почнувајќи од Qualcomm Snapdragon 820 процесор помогнат од 3 GB рам меморија и 32 GB внатрешна меморија со можност за проширување со SD карта. Дисплеј од 5.2 инчи со (1920 х 1080) FullHD резолуција, солидна батерија од 3000 mAh и примарна камера со оптички сензор од 22.6 мегапиксела.
Но тука доаѓа и големото разочарување за фановите насекаде од светото. Телефонот започнува со официјална продажба на 2 декември во Јапонија со цена од 865 долари но нема да биде достапен за купување надвор од оваа земја. Од компанијата не гарантираат дали телефонот би бил компатибилен со мрежна покриеност надвор од Јапонија. Па ви остануваат две можности да се преселите во Јапонија или да го разубавите телефонот што веќе го поседувате со Star Wars скин.
Извори: Engadget, Android Authority, Softbank