До сега Ubuntu паметниот телефон беше неколку пати достапен за купување, но со ограничени временски рамки на продажбата. Многу луѓе не успеаа да земат еден од овие уреди додека беше на продажба, а во меѓувреме немаше друг начин како да се дојде до истиот.
Сега можете да го купите во секое време, без продажбата да биде ограничена од време. Паметниот телефон можете да го купите директно од сајтот на BQ и ќе ве чини 169,90 евра. Иако е достапен само за државите во Европската унија сигурно можете да се снајдете за да го заобиколите ова ограничување.
Иако BQ Aquarius E4.5 не е телефон од висока класа, Canonical во соработка со Meizu имаат телефон во изработка што ќе биде од висока класа и ќе работи на Ubuntu. Спецификациите за Meizu MX4 се од доста висока класа: 1920х1152 резолуција на дисплејот, минимум 16 GB внатрешна меморија, 2 GB Рам меморија. Цената на овој уред би требало да се движи од 350 до 400 долари.
Сè на сè ова се одлични вести за корисниците на Linux кои би сакале да го имаат истиот оперативен систем и на нивниот паметен телефон.