http://www.youtube.com/watch?v=2ksOJl0PDDg
Последните неколку недели има се повеќе гласини и шпекулации околу претставувањето на наредниот Nexus телефон од Google, 5-ти по ред, како и нова верзија на Android 4.4 со веќе до некаде потврденото име KitKat. Ништо до сега не е официјално потврдено, па сите информации до кои што може да се дојде се неофицијални и останува само да се види дали ќе бидат потврдени, барем дел од нив.
Според неофицијалните информации, новиот Nexus 5 повторно ќе биде произведен од LG. Истиот се очекува да има 5 инчен 1080p екран. Материјалот е ист како на новиот Nexus 7, односно материјал кој е мек на допир. Се очекува да го има и новиот поголем отвор за камера, исто како во Nexus 7, а истата да има 8 мегапиксели. Nexus 5 треба да има Snapdragon 800 процесор, 2GB RAM и 2,300mAh батерија. Очекувањата се и дека ќе биде воведена можност за поврзување на LTE мрежи, нешто за кое што Google беа критикувани во минатата верзија поради недостатокот на оваа можност.
Непотврдени информации има и за новостите во Android 4.4 KitKat, кои вклучуваат:
- Транспарентни ленти за нотификации и навигација
- Замена на стандардните апликации за пораки и слики со Google Hangouts и Google Photos
- Икона за пуштање на камерата на десната страна на lock екранот
- Нови позадини
- Вклучување на Google Now со ново најавената команда “OK, Google”
- Нова анимација при стартување на телефонот
Дали и колку од овие информации се точни може да дознаеме веќе на 15-ти Октомври, дата која што исто така е една од непроверените информации.