Тајванскиот производител HTC веќе не е брендот кој беше на смартфон сцената пред неколку години, но за тоа не се криви самите телефони, бидејќи тие и натаму се уреди со високи перформанси и одлична изработка. Наскоро, HTC ќе претстави и смартфон кој ќе го следи трендот на телефони со мала рамка околу издолжениот 18:9 дисплеј, наречен U11 Plus.

Самото име јасно укажува на тоа дека овој модел ќе биде поголема верзија на стандардниот U11, што значи дека од него може да очекуваме повторно високи перформанси (Snapdragon 835 со 6 GB рам и 128 GB простор), одлична изработка со модел кој ќе има делумно проѕирен заден дел изработен од стакло, нормално поголем 6 инчен екран со 18:9 сооднос и помала рамка околу него и веројатно најважно, голема батерија од 4.000 mAh, која сигурно нема да може да ја потрошите во еден ден. Нормално, U11 Plus ќе има Edge Sense, односно можност за лансирање на команди со стискање на рамката на телефонот. Неговата цена ќе изнесува околу 850 евра.

Сите овие спецификации звучат навистина привлечно на хартија, но треба да се види како ќе функционираат во реалниот свет и многу поважно, дали ќе привлечат купувачи кон тајванскиот бренд, особено што конкуренцијата има супер способни смартфони во своите портфолија.

Покрај U11 Plus, HTC мислел и на оние си поплиток џеб со телефон наречен U11 Life, кој ќе има 5,2 инчен дисплеј, камера од 16 мегапиксели, батерија со 2.600 mAh и 3 GB рам со 32 GB простор. Овој смартфон ќе биде претставен заедно со U11 Plus на 2 ноември и ќе чини околу 350 евра.

Извор: Engadget, The Verge, TechRadar

Претходна статијаApple веќе не е најпопуларна компанија за технологија во САД, но која е сега на првото место?
Следна статијаСоцијалните мрежи и паметните индустрии во фокус на вториот ден од Самитот на Македонија2025