gsmarena_004

Кинеските производители последниве неколку месеци буквално не преплавија со евтини паметни телефони изработени од алуминиум. Причината за тоа е многу едноставна – со овој материјал, кој делува многу подобро од пластика кога ќе се фати во рака, тие сакаат буквално да го избришат имиџот на евтино изработени уреди.

Новите два модели на Vivo се од средната класа, иако на прв поглед би можеле и да се излажете дека се од највисоката. Помалиот смартфон, V3, има дисплеј со големина од 5 инчи и HD резолуција, што е веројатно единствената послаба страна – конкуренцијата во средната класа веќе прејде на екрани со Full HD резолуција.

Процесорот пак е осум јадрениот Snapdragon 616, помогнат од 3 GB рам меморија, што значи дека корисниците не би требало да имаат проблем со перформансите, дури и ако користат повеќе апликации одеднаш.

gsmarena_002

Vivo V3 доаѓа со 32 GB вграден простор, со можност за проширување преку micro SD картичка, додека батеријата има солиден капацитет од 2.550 mAh. Во задниот дел е вграден и читач за отпечатоци на прстите.

Поголемиот модел V3 Max има помоќен Snapdragon 652 процесор и 4 GB рам меморија, како и 5,5 инчен дисплеј со солидна Full HD резолуција. Батеријата тука има капацитет од 3.000 mAh, додека останатите внатрешни спецификации се подеднакви – 32 GB простор и слот за micro SD. И овој модел има читач за отпечатоци на прстите во задниот дел.

Двата модели делат неколку останати спецификации, како задната камера со сензор од 13 мегапиксели со супер брз автофокусен систем, предна камера со 8 мегапиксели, поддршка за брзо полнење и високо квалитетен аудио чип AK4375, кој би требало да овозможи многу погласен и појасен звук преку слушалки или други надворешни уреди.

gsmarena_003

Цените на овие два телефони се многу силна страна – помалиот чини 270 долари, додека поголемиот 360 долари. Сепак, тие веројатно нема да може да ги купите кај нас – ќе се нудат само во земјите од Јужна Азија.

Извор: GSMArena, NDTV, BGR India

Претходна статијаSurface Phone одложен за идната година – ќе има три различни верзии?
Следна статијаMicrosoft Edge автоматски ќе ги паузира Flash рекламите