XPlay 3S е мобилен телефон од кинеската компанија Vivo. Она што го прави различен, а и интересен за да привлече внимание е неговиот екран. Поточно тој доаѓа со 6 инчен екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели и неверојатни 490 пиксели на инч. Ова претставува првиот мобилен телефон со оваа резолуција, а за споредба моментално најголемата резолуција популарна кај мобилните, телевизорите и мониторите изнесува 1.920 x 1080 пиксели, односно 1080p Full HD резолуција. Иако не е официјално, поради дупло поголемата резолуција од постоечките, истата се нарекува 2K.
Покрај одличниот екран, Vivo XPlay 3S доаѓа и со одлични карактеристики на остатокот од хардверот од кој што е составен, па така покрај другите тој доаѓа и со:
Vivo XPlay 3S карактеристики
Процесор | 2.3GHz quad-core Snapdragon 800 |
Меморија | 3 GB RAM меморија 32 GB надворешна меморија |
Податочно поврзување | 4G LTE |
Камера | 13 мегапиксели задна 5 мегапиксели предна |
Димензии | 4,5 mm дебелина 172 gr тежина |
Батерија | 3.200 mAh |
Сепак Vivo XPlay 3S нема да биде достапен на светско ниво, па освен кинеските корисници, остатокот од светот нема да може да го купат. Со оглед на напредокот на технологијата, не би изненадило да поголемите производители во своите наредни модели од идната година претстават вакви екрани.