Доколку сте сѐ уште вљубеници во Windows 10 Mobile оперативниот систем на Microsoft, изборот на нови смартфони се повеќе се намалува, а воедно и софтверскиот гигант престана да вградува нови функционалности во софтверот. Ако некогаш било време за префрлување на Android или iOS тоа е секако сега, а дополнителен бензин на оганот фрла скапиот Willeyfox Pro смартфон, кој е се, само не професионален паметен телефон.
Прв поголем недостаток на телефонот е секако тоа што ќе има Windows 10 Mobile, оперативен систем кој ќе остане на дизајнот и функционалностите кои ги има и ќе добива само безбедносни надградби и за кој дивелоперите престанаа да развиваат апликации. Не велам дека со овој еко систем не може да се функционира – бев среќен корисник на Windows Phone и Windows 10 Mobile околу 4 години, но причини да преминете на него скоро и да нема во моментов.
Самиот телефон има спецификации кои би биле слаби и за телефон од пред две години. Процесорот е најслабиот Snapdragon 210, кој сигурно ќе има пречки во работењето со малку потешките апликации, а помогнат е од минимални 2 GB рам меморија и 16 GB простор. Дисплејот има големина од 5 инчи и само HD резолуција, додека камерите имаат 8, односно 2 мегапиксели. Изработката е (за жал) целосно пластична. Цената на овој пакет на супер слаби спецификации изнесува околу 210 евра!
Навистина, доколку сакате Windows 10 Mobile смартфон, веројатно ќе биде подобро да купите некој добро одржан на старо, како на пример Lumia 950/950 XL или пак Lumia 930 и 1050.
Извор: ZDNet, GSMArena, Windows Central