699d71c9gw1f5hpi3b6i3j20u017cwtf

Во исчекување додека еден од најголемите производители на мобилни уреди во светот, Xaomi, го претстави наследникот на нивниот Mi Note смартфон, тие решија да си „поиграат“ со корисниците преку објава на слика која можеби го најавува истото.

Се работи за објава на слика на кинескиот Weibo, којашто сепак не укажува сигурно на можноста за претставување на Mi Note 2, но се верува дека токму тоа е случајот.

Сликата интересно е со позадина од фудбалски терен и бројките 2>5 ставени во преден план. Според некои од странските ИТ портали, ова е директно укажување на новиот Mi Note 2 модел кој треба да биде појак од сегашниот главен Mi 5. Од тука доаѓа и „грешката“ на сликата која сака да каже дека бројот 2 е поголем од 5.

Сепак, ова не може да се земе со голема сигурност, а во главно и поради причината што е чудна практика да една компанија го најавува својот нов модел укажувајќи дека е подобар од нивниот моментално главен модел од друга класа.

Без разлика за што се работи, во периодот што следи можеме да очекуваме претставување на нов производ од оваа компанија, која е позната по уредите со одлични карактеристики, но пониски цени од познатите конкуренти.

Инаку, за Xiaomi Mi Note 2 се верува дека ќе дојде со моментално најсилниот мобилен процесор Snapdragon 820, а можеби и 823 варијантата. Екранот треба да биде со големина од 5,7 инчи, што е минимумот за класата во која е овој модел. Исто така, екранот треба да има поголема од Full HD резолуција, па се очекува вклучување на 2560×1440 пиксели.

Од останатите карактеристики, се очекува Mi Note 2 да доаѓа со најмалку 4GB RAM меморија, а можен е и модел со повеќе. Меморијата за складирање на податоци треба да биде со избор од 32 и 64 GB.

Камерите би требало да вклучуваат сензори со 23 и 12 мегапиксели, додека батеријата околу 3.500 mAh.

Извор: Android Central, PhoneArena

Претходна статијаПоследно Windows 10 потсетување на цел екран за корисниците на постарите верзии
Следна статијаDas Keyboard 5Q е паметна механичка тастатура поврзана во “cloud”
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.