Кинескиот производител штотуку го претстави својот знаменосец Mi 5, но сега има информации за Mi Note 2, кој покрај поголемиот дисплеј (5,7 инчи), треба да има и помоќен процесор, односно подобрениот Snapdragon 823 помогнат од 6 GB рам меморија, перформанси ќе го стават на апсолутно највисокото место меѓу смартфоните од високите класи.
Како и што е случај досега, ќе има неколку различни верзии – основните ќе имаат Snapdragon 820 и 4 GB рам меморија, а ќе има и избор на неколку капацитети на простор за складирање на податоците – 32, 64, 128 и масивни 256 GB. Цените од модел до модел секако ќе се разликуваат – оние што ќе сакаат максимум перформанси и простор сигурно ќе треба да платат повеќе пари.
Не очекувајте дека Snapdragon 823 процесорот ќе донесе огромни подобрувања – ова треба да е само благо подобрен модел, кој веројатно ќе работи на малку повисока фреквенција. Сепак, рам меморијата од 6 GB секако дека ќе овозможи одличен мултитаскинг – ќе може сигурно да чува десетици апликации константно вклучени во позадина…
Од останатите спецификации, вреди да се издвои 3D Touch дисплејот, кој исто како кај iPhone, ќе може да препознава различни притисоци на допирање. За самиот екран, скоро е сигурно дека ќе има Quad HD резолуција растегната на 5,7 инчи, а има и најави за заобленост на страните како Edge моделите на Samsung и AMOLED технологија.
Батеријата би требало да има капацитет од 3.600 mAh, што и не е претерано многу со оглед на големината на екранот, но сигурно ќе поддржува Qualcomm QuickCharge брзо полнење и тоа со моќност од 18 W.
Сите овие импресивни спецификации, сигурно ќе бидат придружени и од пониска цена во однос на главните конкуренти во сегментот, како Galaxy Note 5 и iPhone 6S Plus. Секако, доколку сите овие протечени информации од кинескиот веб пребарувач Weibo се исполнат…
Извор: TechnoBuffalo, GSMArena, NDTV