Xiaomi е еден од ретките Android производители кои и натаму лансираат таблети од високата и средно-високата класа. Нивната Mi Pad линија веќе неколку години нуди високи перформанси по ниски цени, а таков е случајот и со новиот модел, кој е директен конкурент на iPad Mini.

Всушност, димензиите се целосно исти. Екранот има големина од 7,9 инчи и резолуција од 2048х1536, што е до милиметар и пиксел исто како кај iPad Mini. Како и кај iPad Mini и овој дисплеј може да ја блокира сината светлина, што е погодно за одмарање на очите навечер, но дисплејот на Mi Pad 3 има и црно-бел мод, кој помага во читањето на електронски книги.

Перформансите треба да се задоволителни, иако не на нивото на конкурентот од Apple. Процесорот е MediaTek MT8716, помогнат од солидни 4 GB рам меморија и 64 GB простор за складирање на податоци, кој за жал не може да биде проширен со micro SD картичка, нешто што се очекува од еден Android таблет, особено на Xiaomi. Mi Pad 3 има и солидна задна со 13 мегапиксели со f/2.2 бленда, додека батеријата има 6.600 mAh, доволно за 12 часа непрестано користење.

Најголем адут на Mi Pad 3, како и секогаш, ќе биде цената, која во Кина ќе изнесува околу 220 долари – реално прилично достапно за таблет со толку добри перформанси. Очекувајте наскоро да биде достапен и кај нас по слична цена како и таа во Кина.

Извор: Android Authority, NDTV, GSMArena

Претходна статијаЕлектрични авиони на иднината
Следна статијаЦрвената верзија на iPhone 7 достапна во iStyle