Телефонот ќе ја збогати понудата во средната класа на јапонскиот производител, а настапува со позаоблен дизајн од она на кое навикнавме досега, тренд кој е можно да се префрли и во другите модели на брендот. Но, освен новиот изглед, другото се чини е стандардно за телефон од оваа класа.
Главна карактеристика се чини е големиот 5 инчен IPS екран, кој има просечна резолуција од 960×540 пиксели, што е мал недостаток во споредба со другите модели во сегментот, кои сега доаѓаат и со HD резолуција. Дисплејот е обложен со стакло отпорно на гребење, иако тоа не е најдоброто Gorilla Glass на Corning.
Чипсетот кој се вградува е MediaTek MT6582, со четири Cortex A7 јадра со брзина од 1,3 Ghz, кои се пред се наменети за штедење на батеријата, притоа пружајќи солидни перформанси. E4 е опремен и со 1 GB рам меморија, како и 8 GB простор за складирање податоци. Истиот може да се прошири со micro SD картичка од 32 Gb.
Батеријата која треба да ги погонува сите овие компоненти е литиум – јонска со 2.300 mAh капацитет, доволно за 653 часа мирување, односно 12 часа разговори, што се солидни бројки. Сепак, батеријата не може да се отстрани без интервенција од стручно лице, што значи дека треба да заборавите на резервна.
Камерата има 5 мегапиксели, автофокус, блиц и HDR мод, додека предната камера има 2 мегапиксели. Задната камера може да снима Full HD видео со резолуција од 1920х1080 пиксели, додека предната HD видео со резолуција од 1280х720 пиксели.
Новиот Xperia E4 ќе се нуди во обична, 3G варијанта и во Dual SIM варијанта, за оние со две картички. Поврзаноста е збогатена со ултра штедливиот Bluetooth 4.1, a нормално има и Wi-Fi и FM радио.
Информации за цената и за тоа кога ќе биде лансиран новиот Xperia E4 се уште нема, но за очекување е за краток период да пристигне кај операторите.
Извор: GSM Arena, Sony Mobile