Yahoo реши да влезе на пазарот на мобилни телефони, барем во САД, со уред кој е брендиран од страна на оваа сега во сопственост на Verizon компанија. Корисниците добиваат евтин уред кој работи на Android и доаѓа со инсталирани повеќе апликации од Yahoo.

Телефонот им е достапен на корисниците на Verizon и нивниот нов Yahoo Mobile пакет по цена од 50 долари. Корисниците ќе имаат и дополнителни предности, како што е Yahoo Mail без реклами, а за иднина се најавуваат и одредени предности и кај другите апликации.

Телефонот од Yahoo е ZTE Blade A3Y и доаѓа со очекуван изглед и карактеристики за таа цена. Има екран со големина од 5,45 инчи и резолуција од 720p, со 2GB RAM и 32GB простор за податоци. Камерите се една на задната страна со 8 мегапиксели и една на предната страна со 5 мегапиксели. Процесорот е MediaTek и е со 4 јадра.

Мали се шансите да Yahoo во иднина посериозно реши да настапува на пазарот, па оваа можност изгледа дека сепак ќе остане само ексклузивна за корисниците на Verizon во САД.

ИЗВОРFox
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаHuawei: 5Г технологијата носи иновации какви што досега немаме видено
Следна статијаFacebook почнува со помасовно тестирање на темната тема на нивната мобилна апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.