yu-yunique

Денес веќе пишувавме за новиот одличен iPhone 6S, но тоа е телефон кој реално не можат да си го дозволат многумина. Затоа, еве и статија од другиот крај на спектарот наречен паметни телефони, за мега евтиниот Yu Yunique, кој има мошне солидни спецификации, Cyanogen OS и цена од само 78 долари во Индија.

Yu Yunique е бренд кој е под капа на Micromax и најверојатно нема во скоро време да го видиме кај нас, но би можеле барем да се надеваме, нели. Има екран со големина од 4,7 инчи со 720p резолуција, скоро како кај iPhone 6S, што за цената е сосема добро. Во внатрешноста чука срцето на добро познатиот Snapdragon 410 процесор со четири јадра, помогнат од 1 GB рам меморија. Телефонот има и 8 GB внатрешен простор, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Камерите не се воопшто за потценување. Задната има 8 мегапиксели со леќа со брза бленда f2.0, што барем на хартија би требало да овозможи подобри фотографии навечер. Предната камера има 2 мегапиксели, што е исто така одлично, а батеријата има капацитет од 2000 mAh. Повеќе од iPhone 6S! И Cyanogen OS 12.1, кој веќе подолго време важи за една од најлесните и најдобри Android дистрибуции, а во овој случај Lollipop 5.1.1.

Сите овие можности во еден телефон, денес не можат да се добијат за цена пониска од 100 долари, што го прави постигнувањето на Yu Yunique навистина поимпресивно. Искрено, се надевам дека ваквите уреди се повеќе и повеќе ќе ги има на пазарот.

Извор: Android Central

Претходна статијаiOS 9 достапен за корисниците од 16-ти септември
Следна статијаOS X El Capitan достапен од 30-ти септември