Фото: Apple

Со пуштањето на првата бета верзија од iOS 26.4 за програмерите, како и iPadOS 26.4 и macOS 26.4, наместо конечно да ја видиме понапредната верзија од Siri, Apple повторно ја одложи таа новина, па пушти повеќе други новини. 

Една од тие новини е додавање на поддршка за видео содржина кај нивната популарна Podcasts апликација, па може да се очекува дека оваа апликација ќе стане уште повеќе популарна. 

Видео поткастите во Apple Podcasts ќе функционираат исто како и аудио верзиите, односно Apple продолжува да не е хостинг оператор за оваа содржина, па апликацијата само ги „собира“ објавите од поткастерите на различните сервиси за хостирање. 

Поддршката доаѓа во форма на HLS – HTTP Live Streaming технологијата, а корисниците сега ќе имаат избор дали сакаат да го слушаат поткастот или да го гледаат и достапното видео. 

„Пред дваесет години, Apple помогна поткастингот да стане мејнстрим со додавање поткасти на iTunes, а пред повеќе од една деценија, ја воведовме наменската апликација Apple Podcasts“, рече Еди Кју, виш потпретседател за услуги на Apple. „Денес означува пресвртница во тоа патување. Со тоа што воведуваме водечко видео искуство во Apple Podcasts, им даваме на креаторите целосна контрола врз нивната содржина и како го градат својот бизнис, а воедно им го олеснуваме на публиката слушањето или гледањето поткасти од кога било досега.“

Поткастерите ќе можат да пуштаат и реклами преку нивната видео содржина, а секако Apple ќе зема процент од истите, како и секогаш. Рекламите ќе може да бидат и динамични, односно да бидат вметнати посебно во било која видео содржина од креаторот.

За сите корисници оваа новина ќе стане достапна со пуштањето на финалната верзија од iOS 26.4, односно за отприлика еден месец.