Фото: Shutterstock.com

Firefox 147 верзијата, која моментално е дел од Nightly тест каналот, донесува мала новина која сигурно ќе биде добредојдена за понапредните корисници. 

Оваа новина, која е забележан од страна на gHacks, донесува можност за измена на стандардните кратенки на тастатурата, кои ги има доста и овозможуваат извршување на одредени активности брзо преку кратка комбинација на најчесто две или три копчиња на тастатурата. 

Како пример за овие кратенки се „Ctrl+T“ за отворање на нов таб, „Ctrl+N“ за отворање на нов прозор, „Ctrl+W“ за затворање на табот или прозорот и слично. 

Корисниците со новата промена ја добиваат целата листа на кратенки кои се достапни, а до секоја од нив копче за измена. Доколку корисникот сака да се врати на стандардната кратенка тоа може да го направи преку копчето „clear“ до секоја кратенка, како и да ги врати сите променети кратенки преку копчето на крајот од листата. 

Од организацијата минатата недела ја најавија новата функција AI Window, која на корисниците ќе им донесе поголема интеграција на вештачката интелигенција кај Firefox прелистувачот. 

За жал, едно време најпознатиот прелистувач на пазарот, тој кој успеа да го симне Internet Explorer од првото место, изминатите години има се помалку корисници, а за тоа не помагаат некои од одлуките кои ги донесоа од Mozilla при развојот.