australis-mainWindow

Australis е проект на Mozilla кој е во тест фаза веќе одреден период. Истиот кога ќе биде официјално пуштен ќе донесе целосно нов дизајн на Firefox прелистувачот, како и одредени подобрувања во корисничкото искуство, ново главно мени и повеќе можности за прилагодување на изгледот.

australis-mainWindow2

До сега Australis можеше да биде тестиран преку посебната верзија направена специјално за овие потреби, но од денес ќе биде достапен преку Nightly верзијата на Firefox. Целта е што повеќе корисници да може да го тестираат новиот кориснички интерфејс, па доколку се помине како што треба, вклучувајќи го и фидбекот од корисниците, Australis да стане дел од главната стабилна верзија на Firefox во средината на Април 2014 во верзија 29 од прелистувачот кој што моментално е до 25.0.1 верзија.

australis-menu

За сите што би сакале да ја симнат Nightly верзијата со новиот дизајн, истото можете да го направите на следниот линк. Nightly верзиите се наменети за програмерите и луѓето што сепак доволно се разбираат и не се наменети за секојдневно користење од страна на обичните корисници.