90sync

Недела вечер, оди омилениот фудбалски натпревар меѓу омилените тимови на вас и вашите другари (за кои престанувате да бидете крвни непријатели кога ќе заврши настанот). Ги следите перформансите на двата тима, правите неверојатно точни анализи на тоа кој играч ќе биде замена, кој ќе даде гол, а кој ќе биде хет-трик херој. но… понекогаш некоја замена или успех на противничкиот тим да ја затресе вашата мрежа, ви измакнуваат од предвидувањето. Решението се знае кое е – потребни ви се повеќе информации.

Затоа, запознајте се со 90sync – апликација која има улога на таканаречен „втор приказ“ и која има намена да нуди многу детални информации за играчите на теренот, нивните перформанси, поминато растојание, издржливост, кондиција и слично. Воедно апликацијата се синхронизира со телевизорот, и тоа преку поставување на специјален код од страна на пренесувачот на програмата, кој пак е препознаен од вашиот уред.

Ваквите апликации се голем тренд во САД каде што се користат за добивање на дополнителни информации при безбол и рагби натпреварите (таканаречениот „американски фудбал“). Сигурно се прашувате како се стигнува до информациите за играчите. Играчите носат посебни маици кои на себе имаат извор на енергија и сензори за следниве информации: брзина, забрзување, истрчано растојание и пулсот на срцето. Овие информации се агрегираат и се испраќаат преку Интернет до корисниците на апликацијата, која пак ги прикажува како информации налик на видео игри. На самата апликација може да се набљудува и нивното движење на теренот во реално време.

 


Инаку, еден од авторите на апликацијата е Ана Стојановиќ, македонка и постдипломец на Politecnico di Milano од Италија. Таа е програмер и учествувач во овој проект кој се има здобиено со прво место на овогодинешниот LAPS натпревар. Тимот кој ја развивал апликацијата се состои од 6 луѓе, тројца менаџери и тројца компјутерски инженери (од кои Ана е едниот член).

Им посакуваме одличен успех на целиот тим и посебно на Ана Стојановиќ и ќе продолжиме да ги следиме вестите од 90sync и нивната работа.

Првонаградениот тим (Ана Стојановиќ, втора од десно)
Првонаградениот тим (Ана Стојановиќ, втора од десно)
Претходна статијаMobileFirstMK – Прва македонска конференција за мобилни апликации
Следна статијаCyanogen со посебна email апликација во соработка со Boxer