Проширената реалност е наредната „голема работа“ во светот на технологијата, и покрај тоа што неуспешните Google Glass очила не го најавија тоа. Таа ќе може да ни прикажува најразлични информации во нашата околина, како на пример навигација каде да се движиме или пак холограми од игри. Можностите се скоро неограничени, но засега технологијата која треба да ни ги прикаже е сѐ уште во зачеток или премногу скапа.

Akonia Holographics е стартап кој ветува дека има технологија за транспарентни дисплеи, која може да се користи токму во апликациите за проширена реалност. Интересно, нивната технологија е родена како простор за складирање на податоци, поточно холографски дискови. Сепак, ова се покажало како недоволно ефективно решение, па затоа тие преминале на дизајнирање на транспарентни дисплеи.

Нивната технологија се вика HoloMirror и според компанијата, таа е перфектното решение за транспарентни очила, комбинирани со компјутерски дисплеј. Најголеми предности на нивната технологија се што таа е може да продуцира квалитетна слика и исклучителна транспарентност, за многу ниска цена. Нивните дисплеи можат да прикажат холограми во целиот спектар на бои и широк агол на гледање од 60 степени.

Сепак, Akonia Holographics не планира производство на ваквите дисплеи, туку сака да ги лиценцира за да другите производители. Ова е бесконечно подобро решение, бидејќи ќе и овозможи на компанијата остварување профит со многу помалку ресурси, а во исто време и да го забрза пристигнувањето на ваквата технологија на пазарот.

Извор: Venture Beat, Vroom, Akonia

Претходна статијаMagic Vision Control најновата иновација од Mercedes-Benz
Следна статијаBUZZ mix tape Vol.1 специјално од Дј Гоце – Урбаната музика и најдобрите патики на едно место