Фото: Amazon

Project Kuiper, конкуренцијата на Amazon на Starlink од SpaceX, доби и официјално име, што значи дека излегува од почетната тест фаза и наскоро може да се очекуваат и првите официјални резултати. 

Официјалното име на проектот станува Amazon Leо, а целта на компанијата е да ја „дизајнираат најнапредната сателитска комуникациска мрежа некогаш изградена“.

„Нашата визија беше едноставна: Сè уште има милијарди луѓе на планетата кои немаат брз пристап до интернет, а милиони бизниси, влади и други организации работат на места без сигурна поврзаност. Со констелација на сателити во ниската Земјина орбита, би можеле да помогнеме да се премости тој јаз и да се прошири брзиот, сигурен интернет до оние кои се надвор од дофатот на постојните мрежи.“ – истакнаа од Amazon. 

Фото: Amazon

За Amazon Leo со други зборови може да се каже дека е конкуренција од Џеф Безос на Starlink од Елон Маск, па за одреден период корисниците ќе имаат избор од повеќе вакви сервиси. 

Од компанијата истакнаа дека веќе имаат 150 сателити за Amazon Leo во орбитата на Земјата, како и соработка со повеќе компании.