_82380333_google_handwriting

Технологии како оваа постојат веќе 20 години, но во текот на тие две децении популарноста не беше доволно голема за да се развиваат многу вакви решенија. Неколку производители имаат сличен софтвер, но секој од тие си има свој сет на проблеми, на пример свој вид ракопис со цел распознавањето на знаците да биде поефикасно.

Google реши да се придружи во играта со тоа што претстави апликација (која треба да работи на сите уреди што се на Android 4.0.3, но постојат рестрикции за државите кои ќе ја добијат оваа апликација, и за жал нашата сè уште не се наоѓа на листата. Меѓутоа, тоа не значи дека не постојат други начини да дојдете до оваа апликација.

Апликацијата дозволува пишување ракописно користејќи го вашиот прст или пенкалото од вашиот мобилен уред. Можете да пишувате текст или да цртате емотикони, Googlе Handwriting Input би требало да прочита сè. Според Google, апликацијата распознава дури 82 јазици.

Апликацијата ќе помогне на корисниците чиј мајчин јазик се пишува со знаци, како кинескиот.

Несомнено, полесно би било да ја употребувате апликацијата на таблет, а според Google таа работи еднакво добро и на обичен Android телефон.

Извори: Google, BBC, The Verge

Претходна статијаWindows Phone 8.1 Update 2 – што е ново?
Следна статијаGoogle Chrome со поддршка за Windows XP до крајот на 2015